Сите ние добро го знаеме од Браво бенд, а сега е дел од Балкан бенд. Александар Тасевски открива како започнала неговата музичка кариера.

Александар Тасевски, важи за еден од најдобрите вокали во земјава. На јавноста добропознат по големите успеси кои ги имаше со Браво бенд, а денес тој е дел од Балкан бенд. Александар во емисијата “Промо” на ИН ТВ ни раскажа повеќе детали околу неговите почетоци на македонската музичка сцена.
-Многу долга приказна. Морам најпрво да кажам дека мој ментор, не само во музиката туку општо во животот е мојата сестра Маја којашто има завршено музичка академија и е професор и ете јас продолжив по нејзините стапки. Таа беше иницијатор јас и брат ми да почнеме да се движиме и полека да навлеземе во тој свет на музиката. Брат ми проба и се откажа меѓутоа јас си продолжив во Нижо музичко училиште, малку знаат дека свирам кларинет. Потоа средно образование продолжив фагот да свирам и тука некаде не ми текнува која година точно, во средно се оформи Браво бенд, јас, Ристе, Жика и компанија со кој имавме многу фестивали. Оставивме два албуми позади нас, меѓутоа тоа помина, секој замина на своја страна.-открива Александар, при гостувањето во ИН Продукција.

Александар остана во својата родна земја Македонија и одлучи да оформи еден квалитетен бенд кој го доби името Балкан бенд. Зад себе бендот досега има 5 песни и три спотови, а нивната последно издадена песна “Стари песни, стари другари”, која беше промовирана заедно со спот, веќе достигнува 100 000 прегледи на јутјуб каналот.

