Христина Илиоска се врати во Америка

Please follow and like us:
Pin Share

Христина Илиоска се врати во Америка, каде што продолжуваат нејзините работни ангажмани. Таа при интервју за ИН ТВ најавува авторска песна во најскоро време.

Младата и талентирана пејачка Христина Илиоска, деновиве се врати во Америка, каде живее и работи подолг период. Христина при гостувањето во ИН продукција истакна дека продолжуваат нејзините работни обврски во Америка, а секој слободен момент таму, ќе го искористи за настап пред нашите македонци со цел, што повеќе да се промовира и зачува македонската музика. Таа ексклузивно за Естрада плус најавува и авторска песна за скоро време.

-Секако дека подготвувам нова песна, но сеуште неможам ништо да ви откријам, во потрага сум песна и сакам да биде квалитетна. Во Америка секако дека настапувам, но и учам.-истакна младата пејачка.

Инаку, Христина беше дел и од јубилејниот концерт на Оркестар Маестрал, каде ја воодушеви публиката со извонредниот настап и изведба на песната “Зајди, зајди”.

Please follow and like us:
Pin Share