Петар и Стефан се телнтирани но повеќе ги привлекува кошарката вели Татјана за своите синови

Please follow and like us:
Pin Share

Татјана Лазаревска и Новица Василевски, звучни и докажани музички имиња на македонската естрада. Сепак, двете синчиња кои што ги имаат Петар и Стефан, не тргнаа по стапките на Татјана и Новица. Тие како што вели Татјана имаат голем талент но тргнаа по сесема други правци, во случајов спорт.

-Децата изобилуваат со талент со ритам, меѓутоа тргнаа по некој други води. Спортот е нивниот живот. Петар е сконцентриран на кошарката, исто и Стефан. Петар веќе игра во два кошаркарски тима во Мебурн. Едниот е дури игра и за репрезентација за Викторија. Тука откако сме дојдени, повторно продолживме со индивидуални тренинзи во кошарка. Животен сон им е на децата да одат да играат во НБА тимотво Америка, истакнува Татјана.

Токму поради тоа Татјана не ја исклучува можноста за следно нивно живеалиште да биде Америка, доколку поради потребите на Петар и Стефан се преселат таму. Никогаш не може да се знае децата на кој пат ќе те однесат, бидејќи засега спортот е нивниот живот, додава Татјана.

Please follow and like us:
Pin Share