Владо Јаневски го прекина медиумскиот молк, на промоцијата на спотот за песната “Главен град на тагата“. „Можеби изминатиов период бевте лути на мене, си велевте: Што му е на овој намќор, но јас навистина немав што да кажам.
„ Ретко излегувам, повеќе сакам да седам дома. Ако порано ме гледавте по сите кафулиња и локали, сега веќе не е така. Се повлеков, убаво ми е и љубовниот живот сосема го запоставив. Немам девојка, не се вљубив, не се оженив и нема да се женам до крајот на животот. Јас не сум како Џорџ Клуни. Тој рече дека никогаш веќе нема да се жени, но не го одржа ветувањето. Јас ќе го одржам моето“, изјави Владо за Женски магазин.

