Јелена Карлеуша како од мајка родена

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачката Јелена Карлеуша се соблекла гола во кампањата за заштита на животните. Таа порачала дека попрво би одела гола, отколку да носи крзно на себе.

Карлеуша е првата личност од балканските простори која позирала за оваа позната кампања.

„Како личност од јавниот живот со големо влијание кон младата популација, особено во овој дел на Европа, сакам да претставувам добар пример, да бидам добар предводник“, порачала Јелена и додала.

„Оваа кампања ги вклучува јавните лица од целиот свет, кој го подигнуваат својот глас и ефикасно делуваат. Ја користиме нашата слава на најдобар можен начин против убивање на недолжните. Ја покажуваме нашата кожа и објаснуваме дека сме убави кога нашите срца и душа се полни со љубов. Не ни е потребно крваво крзно за да изгледаме и се чувствуваме добро. Убивањето не може да биде убаво“, порачала Карлеуша.

 

Please follow and like us:
Pin Share