
Кристијан Ристески, внук на трагично починатиот Тоше Проески, тргна по стапките на никогаш заборавениот вујко, кој секогаш му бил голем пример.
Момчето веќе има 20 години и студира на Факултетот за аудиовизуелни уметности во Скопје. Пред две години му се укажала можност да соработува со британскиот продуцент и соработникот на Тоше, Енди Рајт, па отпатувал во Лондон.

Инаку и самиот Тоше го увидел талентот на својот внук, па заедно го имаа снимено дуетот „Малечок мој“, кој се најде на постхумниот албум на Тоше на англиски јазик „Најтешкото нешто“.
