Селект бенд-Битола : Низ музика и песна, сакаме да го прошетаме целиот свет !

Please follow and like us:
Pin Share

Младите момци од Селект бенд подготвуваат авторска песна со која ќе настапат на фестивал. Песната ќе биде дуетска, но засега не откриваат за кој пејач или пејачка станува збор. Нивната цел како што велат е низ музика и песна да го прошетаат целиот свет.

Селект бенд се релативно нови на македонската естрада. Како што истакнаа од бендот при нивното интервју, оформени се пред шест месеци, а групата се состои од пет искусни музичари на различни инструменти.

-Селект бенд постои отприлика шест месеци, се состои од пет членови. Иванчо Димитриески на хармоника и сајзер, Димитар Стојаноски на тапани, Александар Тасевски ни е вокал, Антонио Жежовски е инструменталист на кларинет, саксофон, зурла, кавал и повеќе дувачки инструменти.-истакна Мартин, еден од членовите на бендот.

Покрај бројните работни ангажмани и настапи кои ги имаат перидов најчесто на семејните прослави, тие одвојуваат време и за снимање на нов материјал, па ни открија дека во моментов ја подготвуваат и првата авторска песна која што ќе биде претставена на фестивалот во Могила.

Инаку, бендот има добра соработка со повеќето музичари и бендови од македонската естрада, а најповеќе ги издвојуваат Модус бенд од Битола, Инструментал бенд и Адути бенд.

-Нашите планови за во иднина се да достигнеме високи цели и да отпатуваме некаде, да го прошетаме целиот свет со музиката, низ музика и низ песна.-додава младиот музичар.

Селект бенд неодамна во соработка со ИН Продукција снимија видео проект во живо кој се состои од исклучиво македонски песни.

Please follow and like us:
Pin Share