Гоце -Бананата сними спот но и дует песна со Анета при краткиот престој во Македонија

Please follow and like us:
Pin Share

Кратката неодамнешна посета во родната Македонија, Гоце Петрески Бананата ја искористи за снимање на нова песна и секако нов спот за неа. Спотот е снимен во Прилеп, бев на кратко појден во Македонија како и секоја година, си одам често и на кратко, вели Гоце.

-Го снимав со “Конески продукција” и ете направивме еден убав запис на една убава песна, која се вика “Само ти”.Спотот е веќе комплетиран и пуштен во етерот и на ИН тв морам да се заблагодарам на подршката , стварно доста често го гледам спотот на вашава телевизија и се заблагодарувам за тоа. Се направи еден убав спомен од тој еден така убав видео запис.Се надевам на гледачите ќе им се допадне, имаме едно мало искуство, интересно доживување, така да спотот се снимаше во Македонија и беше така ладничко време, па имаше некои сцени каде што требаше да се снима по дождови, во моментот беше премногу ладно ама ете тие мали моменти ќе ми останат во преубава меморија за цел живот да го памтам, истакнува Гоце.

Новина кај Гоце е и тоа што сними и дует со Анета од групата “Молика” во истиот период кога беше во Македонија.

-Направив една соло песна на некој нов стил самиот и една песна дуетска со Анета. Морам да му се заблагодарам на Анета на групата “Молика” на нејзиниот сопруг Џими, кој го нарекувам менаџерот, зошто е ангажиран во сите нивни организации и тој беше првиот што ми пружи рака за да соработуваме и еве доста време имаме соработувано заедно. Некако ете ни одат гласовите со Анета, имаме направено неколку дуети и ми се допаѓаат тие работи што ги имаме испеано заедно, додава Гоце.

Накратко кажано како што истакнува Гоце, неговата кратка пролетна посета кога беше во Македонија се вбројува во мошне плодните соработки. Бананата најавува повторно доаѓање во Македонија, во летниот период и дозавршување на своите музички работни ангажмани.

Please follow and like us:
Pin Share