Вера Трајкоска важи за голема хуманистка која сака да помага

Please follow and like us:
Pin Share

Покрај нејзините големи музички афинитети, Вера Трајкоска важи за голема македонка иако е родена и живее во далечната Австралија. Таа воедно важи и за голема хуманитарка, која е дел од речиси сите хуманитарни настани кои се организираат во Австралија.

-Гледаме како можеме тука да помогниме на хуманитарен начин. Јас во ова кратко време што сум дојдена имам посетено некои места да видам како на хуманитарен начин можеме да помогнеме, во детски домови во болници. Сега сеуште сме на почеток ама гледаме да имаме некаква соработка, сакаме таму да се собираме како жените. Јас сум на делот на женското здружение и да можеме некако ,барем два пати во месецот да се собираме. Да организираме игранки, театар се по македонски и со тоа да собираме пари за да можжеме да помогнеме каде што треба, истакнува Вера.

Иако се на самиот почеток на ваквите хуманитарни акции, Вера додава дека нема да губат надеж и ќе продолжат понтака со засилено темпо. Вера пред неколку месеци беше на кратко во својата Македонија, фамилијарно при што истакна дека доаѓаат почето особено во летниот период.

Please follow and like us:
Pin Share