Селект бенд од Битола снимија прв видео проект

Please follow and like us:
Pin Share

Прв видео проект снимија момците од Селект бенд од Битола. Видеото се снимаше во Битола, а во соработка со ИН Продукција.

Музичките бендови од Македонија периодов работат со полна пареа, како со настапи, така и со снимање нов материјал. Тоа го прават и момците од Селект бенд од Битола кои покрај бројните ангажмани успеаа да снимат видео за нивниот прв проект кој се состои од 11 познати македонски народни песни, како и едно оро.

-Ја имаме Лазарополе, Битолчани мераклии, Жал за Деспина и други. Гости ни беа Менде Куновски и Марија Божиновска, голема благодарност до нив што дојдоа и снимаа со нас.-истакна Александар, вокал на Селект бенд.

Од бендот се надеваат дека целиот проект ќе биде одлично прифатен од јавноста.

-Работевме напорно веќе подолг период и целта ни е да постигнеме висок рејтинг на бендот, па се надеваме дека ќе допре до срцата на јавноста и гледачите. Очекуваме да допре и до дијаспората преку вашата телевизија, а благодарност и до Кочан Продукција кој ни овозможи да снимиме.-вели Мартин при интервју за ИНТВ.

Инаку, Селект бенд се релативно нови на македонската естрада. Бендот е оформен пред шест месеци, а се состои од пет искусни музичари.

Please follow and like us:
Pin Share