Адреналин бенд со позитивно мислење за препејувањето стари македонски песни

Please follow and like us:
Pin Share

Според момците од Адреналин бенд, добро е да се препејуваат старите македонски песни. Од другите бендови на сцената, се разликуваат по тоа што имаат широк репертоар на музика со различен стил на песни.

Адреналин бенд деновиве го промовираа нивниот нов проект кој содржи сплетови од познати македонски народни песни и најбарани српски хитови. Тие при неодамнешното гостување во емисијата Промо истакнаа дека според нив е добро да се препејуваат и негуваат старите македонски песни, а со самото тоа бендовите ги зачувуваат и оживуваат истите.

-Ако ние не ги негуваме и не ги преработуваме тие наши стари македонски песни, кој други би ги негувал. Тоа според мене е добро и треба и не само ние туку и сите бендови треба да ги преработуваат и негуваат старите песни.-вели Филип, вокалот на бендот.

Тие велат дека на македонската естрада има доста квалитет и голема конкуренција, па поради тоа се трудат што повеќе да работат, а имаат и широк репертоар на музика.

-Многу е тешко во денешно време при толкава конкуренција едноставно да котираш на една позиција и да оди во нагорна линија. Многу е познато дека тука е балкански менталитет и кај нас на прославите не поминува само македонската песна, имаме репертоар со песни од нашите соседи, така да тоа е еден дел од тој репертоар кој неможете едноставно да го одвоите.-истакна клавијатуристот Ивица.

Покрај новиот проект, Адреналин бенд зад себе ги имаат и нивните хитови “После тебе” и “Летна шема”, а за следниот период најавуваат нови песни, како и прв авторски албум.

Please follow and like us:
Pin Share