
Релативно млад на македонската музичка сцена а веќе Михајло Даниловски изготви и прв негов професионален видео запис. Неодамна тој се одлучи својата нова песна под наслов “Мајка ” да ја овековечи со видео снимка во соработка со ИН продукција.
-Прв пат вака професионално соработуваме со ИН продукција, воопшто прв пат професионално соработувам. Работевме на еден проект за песната “Мајка”, чиј автор на текст и музика сум јас. За аранжманот се погрижи Златко Миладиноски а ИН ТВ се погрижи да изгледа спотот онака како што ќе може да се види тоа, вели Михајло.
Видео записот се снимаше на повеќе живописни предели долж охридско –струшката ривиера. Притоа, Михајло не го крие задоволството од целокупниот работен ангажман во текот на снимањето, како и големата посветена работа, која треба да даде позитивен резултат.

-Да не бидеме преамбициозни , да видеме прво како ќе испадне, како ќе биде гледаноста па понатака се ќе биде во најдобар ред, додава Михајло.
Засега Михајло има две свои авотрски песни, што е за голема пофалба со оглед на фактот што нецела година е на македонската музичка сцена а се појавува со свои песни, не препани како што многумина од пејачите го прават тоа.
Видео запис за песната “Мајка”
