
Фолк пејачот од Ресен Ташко Каранфилоски, викендов се вери со својата долгогодишна девојка Мартина. Запросувањето поминало во кругот на најблиските, при што покрај поводот за празнување на големиот Христијански празник Велигден, Ташко и Мартина имаа двојна радост за прослава.
Неизмерната среќа на фолкерот беше споделена преку бројни фотографии на социјалните мрежи.
Во изминатиот период Ташко снимаше два видео записи, а во најава е за снимање на уште два нови спотови.
