Стружанецот Ангел Стојкоски полека, но сигурно плови низ музичките води

Please follow and like us:
Pin Share

Пред извесно време, младиот пејач Ангел Стојкоски го промовираше спотот за неговата најнова песна Две сестри, но тука не запира. Го најавува и неговиот прв албум, кој што според него, ќе биде комплетиран за брзо време.

Младиот и талентиран пејач Ангел Стојкоски, неуморно работи на снимање нови песни. Зад себе тој има четири авторски песни, а за најновата која е насловена Две сестри сними и спот кој што го промовираше пред скоро време. Спотот го изработи ИН Продукција, а Ангел не го криеше задоволството од убавите коментари кои што ги доби од јавноста. Во спотот се претставени неколку локации во стариот дел на Струга, а се снимаше и во Вевчани.

-Снимањето се одвиваше во стариот дел на градот Струга каде што се наоѓа и спомен куќата на браќата Димитар и Константин Миладинови. Следна локација ни беше убавото Вевчани, покрај стари куќи изградени од старите вевчански градители, покрај ресторанот Пупина куќа.-изјави Ангел, по снимањето на спотот.

Музиката и аранжманот за песната Две сестри се дело на Златко Миладиноски, а текстот го напиша Драган Матески. Инаку, Ангел веќе го најавува и неговото прво цд, за кое што верува дека ќе го комплетира во скоро време.

-Ете како што гледате лека полека започнува и мојата кариера. Ќе снимам уште, се надевам дека за брзо ќе го завршам и моето цд.

Ја сакам оваа работа и со цело срце сакам да ја освојам публиката и да ги задоволам нивните очекувања. Засега не снимам ништо, но во преговори сум со некои текстописци и музичари кои што ќе работаат на мојата нова песна и се надевам дека тоа ќе биде добро изненадување за сите.-додава младиот пејач.

Кога станува збор за неговите настапи, Ангел најчесто е ангажиран во Охридско-Струшкиот регион, а соработува со голем број музичари од естрадата. Тој открива дека во најскоро време ќе си оформи и свој бенд кој што ќе го придружува на неговите настапи.

Во продолжение погледнете го спотот за неговата најнова песна “Две сестри” !

Please follow and like us:
Pin Share