Влатко Миладиноски со свој став за состојбата на македонската естрада

Please follow and like us:
Pin Share

Влатко Миладиноски при интервју за ИН ТВ го искажа своето мислење за состојбата на македонската естрада. Како беше кога тој гледаше пред телевизија како дете, како беше кога заплови и тој во музичките води и каква моменталната состојба.

Познатиот фолк пејач и миленик на македонската публика, посебно на женската популација, Влатко Миладиноски гостуваше во студиото на ИН Продукција. Меѓудругото тој го кажа своето мислење за моменталната состојба во која што се наоѓа македонската естрада.

-Мислам дека таа кулминација на фолк музиката во Македонија беше во 90-тите години кога јас тогаш како мал ја гледав на телевизија и уживав во неа. После тоа имаше мал подем надолу, мал пад. Јас кога започнав беше на едно просечно, стабилно ниво, после тоа бев сведок и на дното, меѓутоа мислам дека сега во последните години, сум кажал и неколку пати, заслужни сте и вие како ИН ТВ и како продукција мислам дека со снимање на нови песни и спотови, на афирмација на истите мислам дека се врати и сме на некое солидно ниво и сега. Се надевам дека во иднина ќе се движи во нагорна линија.-истакна Миладиноски при неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Инаку, Влатко во најскоро време преку телевизиска промоција ќе го претстави неговиот трет студиски албум, на кој што се неговите познати хитови Жени ме мамо, Севдо, Ај да ојме Јано и др, а носечка песна на албумот е Велат не нема.

Please follow and like us:
Pin Share