Александар Ицов до крајот на годинава планира да го комплетира неговиот албум. Тој вели дека како и досега, така и за останатите дела од албумот ќе соработува со неговиот колега маестро Сашко Велков.

Познатиот виртуоз на хармоника и дувачки инструменти, Александар Ицов најавува комплетен албум. Со оглед на тоа што неговите досегашни дела се во соработка со неговиот колега, маестро Сашко Велков, Александар потенцира дека и сите дела кои што ќе се најдат на албумот ќе бидат во соработка со него.
-Соработката со маестро Сашко Велков одлично ни оди, бидејќи во мојот инструментален дел го сметам за престижен. Соработката ќе продолжи на цело цд, значи до крајот на оваа година ќе снимам уште едно дело со народни инструменти, па понатаму здравје Боже лека полека. Меѓутоа цело мое цд, ќе биде со маестро Сашко Велков.-истакна Александар во интервјуто за ИН ТВ.
Ицов вели дека на албумот ќе има вкупно десет композиции, од кои повеќето ќе бидат авторски дела, но ќе има и неколку преработки.

Инаку, Александар зад себе има четири авторски инструментални дела, вклучувајќи ја и најновата инструментална гајда.
-Делата некако ми се паѓаат секоја година по едно. Почнувајќи од 2015-та, првото дело е мое насловено по мене “Ацево естрадно оро”, второто дело е “Везана деветка” и третото дело е по моето синче Никола, “Николова единаеска”.-додава тој, за естрадниот магазин Естрада плус.
Ицов деновиве го промовираше и видео записот за најновото инструментално дело кое е насловено “Скорушка гајда”, кој е во соработка со ИН Продукција. Тој наиде на доста позитивни коментари од јавноста, како за музичкото дело, така и за спотот во кој што се претставени прекрасни живописни предели од нашата земја.
