Спасен Силјаноски падна од крос мотор

Please follow and like us:
Pin Share

Носел кацига на главата, па за среќа спречил поголема несреќа. Спасен Силјаноски падна од мотор и се здоби со полесни повреди.

Фолк пејачот Спасен Силјаноски се здоби со неколку скршеници откако падна со крос мотор. Како што дознава екипата на естрадниот магазин Естрада плус, пејачот ги повредил клучната коска на рамото и раката, но благодарение на тоа што во моментот носел кацига на својата глава поминал полесно и спречил поголема несреќа.

Спасен во моментов се наоѓа во неговиот дом, а деновиве ќе треба убаво да се одмори и да се опорави по што ќе продолжи со неговите ангажмани на музичко поле.

 

Please follow and like us:
Pin Share