Сузана: Лешочкиот фестивал е посебно место за дружба со колегите

Please follow and like us:
Pin Share

Периодов е посебно во максимални работни ангажмани со организирањето на новото издание на Лешочкиот фестивал, каде реномираната фолкерка Сузана Спасовска се јавува во својство на целосна негова органиација.

-Лешочкиот фестивал веќе го подготвуваме и повеќето од композициите се веќе готови. Лешочкиот фестивал се одржува на 27 август, како што знаеме, во очи на Голема Богородица на еден голем православен Христијански празник. На тој фестивал јас и мојот партнер Борче Брзанов со кој што го правиме фестивалот, сакаме да ги имаме сите наши пријатели, сите наши соработници, стари композитори, текстописци и ни е многу драго што ете решивме тој фестивал да нема награди туку, бидејќи се одржува во манастирскиот комплекс, во тоа преубаво место да нема награди бидејќи пред Бога сме сите исти. Токму заради тоа ја имаме поддршката од сите пејачи, бидејќи сите сакаат да дојдат, да се дружат , да бидат заедно  да имаат убаво поминато време и да не се гледаат попреку, додава Сузана.

Она што посебно го нагласува Сузана е фактот што песните постепено остануваат да живеат од овој фестивал и полека да допираат до публиката. Таа додава дека посебно и е драго што токму преку тој фестивал ги има сите свои пријатели и колеги од естрадата и секоја година нивната дружба е преубава со многу заеднички спомени.

Please follow and like us:
Pin Share