Фолкерката Стефановска со нова фотосесија, сосема природна

Please follow and like us:
Pin Share

Провокативна и со беспрекорен изглед како и секогаш, фолкерката Татијана Стефановска деновиве ја направи својата нова фотосесија, овојпат во соработка со познатиот фотограф Томе Табанов. За Татијана како времето да застанало, таа успева да го задржи својот совршен природен изглед, она што и е впрочем дарено од мајката природа.

Во новата фотосесија Татијана се појавува во целосен костим за капење, со видно променет имиџ, каде на некој начин го дефинира според нејзиниот цврст и самоверен карактер кој таа го поседува.

Што се однесува на музички план, Татијана ни открива дека веќе е во подготовка на нова песна за која ќе снима и видео запис. Додека пак периодов од летото веќе е максимално резервиран со бројни нејзини настапи. Секако нема да го порпушти ниту летниот одмор, кој како што истакнува ќе биде краток, но сепак ќе се одмори максимално.

 

Please follow and like us:
Pin Share