Анастасија Петреска четири месеци по породувањето изгледа одлично во бикини

Please follow and like us:
Pin Share

Фолк пејачката Анастасија Петреска и нејзиниот сопруг и колега, фолк пејачот Владимир Поповски, како и многумина, се спакуваа и заминаа на море. Анастасија се породи пред четири месеци и на свет ја донесе ќеркичката Андреа, а сега е вистинскиот период за мама и тато малку да се опуштат и да уживаат во летото.

Ќерката на пејачот Наум Петрески за разлика од порано е поактивна на социјалните мрежи, а со тоа им дозволува на медиумите и обожавателите да ѕирнат нешто повеќе во нејзината приватност и семејниот живот.

Па така, уште додека беа на пат во автомобилот, тазе родителите објавија дека тргнале на патување, а потоа следеше фотографија од финалната дестинација – плажата и морето.

Во прв план овој пат не беше малата Андреа, туку тато и мама и раскошно издание на Анастасија во црвено бикини.

За тато Владимир нема пауза од музика, а за Анастасија кариерата и музиката веројатно уште малку ќе почекаат додека малата принцеза има најголема потреба од мама.

Please follow and like us:
Pin Share