Влатко Миладиноски апелира до младите пејачи да создаваат нови песни

Please follow and like us:
Pin Share

Деновиве, познатиот пејач Влатко Миладиноски ни гостуваше во студиото на ИН Продукција. Во интервјуто, меѓудругото тој го кажа неговото мислење за снимањето на кавери, кои се актуелни периодов.

Влатко Миладиноски важи за еден од најбараните пејачи, како во земјава, така и надвор од нашите граници. Тој веќе долги години опстојува на македонската естрада, а зад себе има бројни хитовски песни. Влатко деновиве гостуваше во студиото на ИН Продукција при што меѓудругото го кажа и неговото мислење околу препејувањето на македонските песни или кавери, од страна на голем број млади пејачи и бендови.

-За некого е добро, но не секогаш. Некогаш корист од тоа имаат автентичните изведувачи на тие песни. Сведоци сме на доста песни кои што оживеаа, а со нив се вратија и пејачите. Некогаш тие групи што ги изведуваат тие кавери, имаат добивка од истото.-истакна Влатко, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Тој при интервјуто потенцира дека според него, многу подобро е да се создаваат нови песни, со што пејачите или бендовите би оставиле уште поголем траг.

-Генерално јас сум за создавање на нова музика повеќе, затоа што така би оставиле посилен траг, додека преку тие кавери мислам дека повеќе може да направиме услуга на некој друг пејач или пејачка.-додава тој, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Влатко веќе го комплетира неговиот трет албум, за кој што планира да направи телевизиска промоција и да го претстави на публиката во Македонија. Се за тебе Софке, Жени ме мамо, Ај да ојме Јано, се само дел од песните кои ги има на албумот, кој што е насловен “Велат не нема”, по неговиот најголем хит во моментов.

Please follow and like us:
Pin Share