Саксофонот преголема љубов на младиот Блаже Билбиловски

Please follow and like us:
Pin Share

Во неговата целокупна досегашна музичка кариера младиот Блаже Билбиловски има бројни авторски инструментални дела, но од неодамна тој направи исклучо со тоа што отпеа песна од својот прерано починат колега и другар Тоше Илиески. Инаку Блаже долго време се занимава со музиката и со својот најдобар музички пријател, саксафонот. На прашањето кон Блаже што е полесно пеењето или саксофонот тој одговара:

-Тешко прашање. Во секој случај саксафонот. Затоа што пред се саксафонот е дувачки инструмент и како и секој иснтрумент, посебно дувачките инструменти се свират со душа, исто со емоции како пеењето. Во секој случај мислам дека саксафонот е доста потежок за работа, отколку гласот. Сепак и гласот е инструмент, природен што и тој се надоградува и вежба и треба многу работа. Музиката во било која насока си сака многу посветеност, работа, труд и внимание, истакнува Блаже.

Притоа Блаже додава дека дувачките инструменти се поспецифични за разлика од останатите бидејќи тие се свират со емоции. За периодов кој следува Блаже најавува нова авторска песна во поп-рок верзија. Помеѓу другото тој пее и други жанрови музика, како народно, турбо фолк но најповеќе се пронаоѓа во поп музиката.

Секоја музика си има своја тежина и своја убавина, мислам дека што и да снимам, можам да дадам се од себе и да испадне добар производ, додава Блаже.

Please follow and like us:
Pin Share