Младиот пејач Стефан Живојиновиќ денес го прослави 27-от роднеден, кој му го честита и славната мајка Лепа Брена, која на својот инстаграм-профил објави негова фотографија и порача:
Среќен роденден, ангелу!
Интересно е тоа што младиот Живојиновиќ доцна во ноќта посетил белградси хипермаркет во друштво на својот татко Боба, каде што купувале намирници за дома, настојувајќи да избегнат турканици и гужва.
И додека тие ги разгледувале полиците во маркетот, часовникот отчукал полноќ, па Стефан меѓу рафтовите го дочекал роднеденот со татка си.
