“Збогум, збогум” за загревање на атмосферата

Please follow and like us:
Pin Share

Знаат да направат незаборавна журка и забава за која потоа уште долго се зборува и секако се чека следен настап за повторно да се биде дел од дружбата со групата “Кисми” и нивните безвременски песни. Цаки , пејачот од групата открива со која песна ги започнува бројните забави, а посебно е задоволен од тоа што и сегашната млада популација веќе ги нзае нивните големи хитови.

-Секаде каде што одиме мене ме радува песните што се снимени пред дваесетина години ги знаат младите и ги пеат. Тоа многу ме радува и исполнува. Ги бараат сеуште и кога ќе почнам со “Збогум, збогум” сите ја пеат и тоа многу ме радува. Започнуваме најпрво со тие песни, како балади и таа ми е прва и одма атмосферата е веќе на ниво, истакнува Цаки-Кисми.

Инаку групата e во постојани настапи што низ нашата земја, а на завидно ниво се и со бројни настапи како кратки турнеи низ Европа. Следно како што истакнува Цаки не ја исклучува можноста за подалечен настап во прекуокеанската Австралија и се разбира подолг престој во оваа земја и дружење со нашинците.

ПРЕПОРАЧАНО ВИДЕО

 

Please follow and like us:
Pin Share