Наскоро нов албум од Гоце Птерески Бананата

Please follow and like us:
Pin Share

Годинава го најаваува и издавањето на својот нов албум, а неодамна при гостувањето во ИН продукција ја промовираше и својата нова песна која носи наслов “Клеопатра”. Мега популарниот Гоце Петрески Бананата, со детали околу својот нов албум на кој ќе се најдат вкупно 12 песни.

-Албумот ќе биде со 12 песни. Во дилема сме дали и тие во живо што ги свиревме, дали и тие да бидат на албумот. Размислувам да бидат, така што вкупно ќе бидат 17-18 песни. Тоа е планот. При крај сме со реализирањето на тој албум, па потоа ќе следи мала промоција низ Австралија. Во преговори сме за настапи во другиве земји, дијаспората да ја посетам, истакнува Гоце.

По неколкуте дуетски песни на Гоце заедно со Анета од групата “Молика” Гоце истакнува дека има и други понуди за нови дуети.

-Со Анета некако се совпаѓаме во гласовите. Анета е нешто со што мислам дека човек може да се пофали со тоа што го имаме во Македонија. Чест ми беше и мене и задоволство да соработуваме со Анета. Понатаму ќе видиме, јас сум во контакт со многу колеги и колешки, така да отворен сум за соработка па ќе видиме како ќе носи времето, истакнува Гоце.

На почетокот од оваа година Гоце и Анета заеднички го снимија и видео записот за песната “Љубовта е сила, моќ” каде како автор на песната се јавува таткото од Гоце, а видео записот се снимаше во далечната Австралија.

 

ПРЕПОРАЧАНО ВИДЕО

Please follow and like us:
Pin Share