Се повлекоа на кратко од музичката сцена но сега веќе на големо го најавуваат својот камбек. Битолските “Екстра бенд” со бројни музички новитети се враќаат на македонската естрада, притоа најавуваат и бројни музички проекти.
-Сакавме малку да се повлечиме и да направиме некој новитети, кој што мислиме дека ќе ја подобрат работата на групата и нормално размисливме и направивме, имаме нова замисла, нормано преработка на некои стари македонски песни, нормално и нови македонски песни а тоа нема да биде се. Ќе има и еден проект кој што ќе биде посветен на другата музика, односно ќе има некој позабавен дел. Проект со забавни песни како и македонски така и српски. Песни кои што моментално се од младите многу слушани, истакнува Дејан.
Претходно “Екстра бенд” го имаа и проектот со македонски песни во кој беа вклучени и мзуичките имиња Сузана Гавазова и Благојче Стојаноски Туше, кој беше одлично прифатен од страна на музичката публика. “Екстра бенд” бележат бројни настапи каде што се барани особено во битолскиот и прилепскиот регион, но не е исклучена можноста и за поширокиот дел од нашата земја. Секако течат и преговори за настапи надвор од нашата земја, но за тоа ќе најават во следна прилика.
