И покрај неговата голема слава која ја има особено најповеќе по неодамнешната турнеја во Австралија, сепак Дамјан Стојаноски преферира да го заврши својот факултет па потоа ќе размислува за следните планови. Дали уште повеќе ќе навлезе во музичките води или пак ќе се определи и за некоја друга професија.
-Засега сакам да го завршам факултетот. Секако сум учел, па да имам диплома. Не планирам да се вработувам некаде, сепак сакам да се посветам максимално на музиката, на правење песни. Па што ќе биде натака ќе видиме, истакнува Дамјан.
Изминатиот месец Дамјан заедно со своите роднини музичари Влатко и Златко Миладиноски беше дел од нивната голема австралиска турнеја која најповеќе ќе ја памтета по големиот број распродадени концерти и преполните сали каде се бараше место повеќе да се биде дел од македонскиот спектакл кој го приредуваа овие големи музички имиња и амбасадори на македонската народна песна.
