Дејан-Чуле- останува малку време за семејството, но тоа е нашиот живот

Please follow and like us:
Pin Share

Познатите момци од “Дрим тим” се во постојани работни ангажмани. Сепак и покрај тоа тие успеваат да сработат и да остават трајна музичка вредност во македонската фолклорна музика каква што тие ја негуваат долги години. Нивните работни ангажмани се постојани  а како што истакнува Дејан Николоски Чуле, периодов се стационирани најповеќе тука во нашата земја.

-Па, некако тука сме стационирани, тука ни е базата да кажам со свадбени веселби, фамилијарни свечености. Има и турнеи се разбира. За Новата година бевме во Германија, Швајцарија. Сега сме овој период тука, одмараме малку до Велигден а потоа сме ангажирани со свадбени веселби, итсакнува Дејан.

Со оглед на преголемте работни ангажмани и отсуства, им преостанува многу малку време за да поминат со фамилијата.

-Верувајте многу малку време имаме за тоа. Во фамилијата ме разбираат многу добро и фала им за тоа што не разбираат. Многу малку време, но сепак го користиме максимално да им се посветиме нив и на нашата публика, се разбира, едноставно тоа е нашиот живот, додава Чуле.

Како што истакнува Дејан-Чуле, во финални подготовки е и неговиот нов солистички албум како и новиот албум “Етно Балкан2” кој е во заедничка реализација со “Дрим тим”.

 

ПРЕПОРАЧАНО ВИДЕО

Please follow and like us:
Pin Share