Периодов прилепската група “Балканика” го реализираа својот петти по ред музички видео проект, во кој вметнаа препознатливи песни отпеани на фестивалските изданија во нашата земја. Претходно тие имаат и други музички проекти кои се поразлични и со поинаков стил музика.
-Претходно, првиот состав на “Балканика” има снимано проект со македонски песни. Потоа јас влегувам како пејач во вториот проект, каде што ги застапуваме повторно македонските песни и еден српски сплет и во продолжение остатокот се до денес што ни се снимени се македонски песни. Фестивалски, подзаборавени македонски народни песни, се трудиме нешто што е ново, нешто што го бара моментално народот, да се измеша нешто, истакнува вокалот на групата Роберт.
“Балканика” групата во овој состав има снимено досега една авторска песна со која бележи настап на “Гоце фест” пред две години. Тие имаат и снимено видео запис за таа фестивалска песна. Неодамна во соработка со ИН продукција го реализираа својот петти по ред музики видео проект во кој се вметнати фестивалски песни.
