Цеца: Му го дадов мојот пиштол на телохранителот, на Жељко од устата му вадев крв

Please follow and like us:
Pin Share

Излезе во јавност исказот на Цеца која го дала непосредно по убиството на нејзиниот сопруг во 2000 година во хотелот Интерконтинентал во Белград.

Во нејзината белешка стои дека во кобното попладне со нејзината сестра и Жељко дошле во хотелот и  се упатиле кон бутикот „Ла Франс“, додека Аркан седнал со пријатели во лобито.

Во еден момент слушнала истрели во лобито но не и дале да се приближи. Нејзиниот телохранител се стрчал кон неа со зборовите „пукаа во командантот“ и го побарал пиштолот што Цеца го имала во ташната.

-Собрав сили и истрачав до мажот. Жељко крвареше, се обидов да го реанимиран. Видов дека Манда е на место мртов. Се дерев некој да викне брза помош додека на Аркан му ја вадев крвта од устата-изјавила Цеца на полицијата.

Please follow and like us:
Pin Share