“Легато бенд” од Мелбурн голем промотор и негувач на македонската песна

Please follow and like us:
Pin Share

“Легато бендот” од Мелбурн,Австралија  кој постои две и пол години, се доста познати и барани на голем број веселби, свадби и свечености во оваа далечна земја. Особено за истакнување е фактот што овој бенд е составен од пет членови , македонци кои живеат и творат во Австралија а се по потекло од охридскиот и битолскиот крај, но како музичари се пронашле токму таму, преку океанот.

-Бендот брои пет членови. Сите членови се македонци , од битолскиот и охридскиот регион. Добро соработуваме и се надвеам дека и во иднина ќе продолжи соработката, истакнува Марјан Васковски, член на бендот.

Марјан како што додава е речиси две и пол години во овој бенд , при што бележи добра соработка со максимален професионализам.

-Имавме супер соработка со ИН продукција. Се надевам дека во иднина ќе продолжат тие соработки. Ќе твориме и создаваме максимум колку што можеме нови песни за да бидеме се поинтересни и ние, а и да ја збогатиме македонската новокомопонирана песна, додава Марјан.

“Легато бендот” функционира многу добро со оглед на тоа што нудат широк спектар од вкус на музики, но најповеќе ја промовираат македонската песна. Најповеќе гледаме да го дадеме максимумот околу тоа и да си ја зачуваме македонската музика, затоа што ние ако не ја промовираме, нема кој друг да ни ја чува, додава Марјан.

 

Please follow and like us:
Pin Share