Два дена за одмор и потоа спремна за пеење

Please follow and like us:
Pin Share

Потребни ми се само два дена да се рестартирам и да продолжам да пеам, бидејќи сум зависна од пеење, вели фолкерката Ирена Спасовска. Впрочем, како што појаснува и покрај бројните и исцрпни настапи и патувања, сепак нејзе два дена и се доволни за да се одмори и да ја наполни енергијата за следна свирка.

-Само два дена ми треба онака малку да се рестартирам и да речам, епа сега и ми се пее. Чудна работа е тоа и кога мислиме дека не ни се пее, кога ќе се фатиме за микрофон, сето поминува, професионална деформација. Ми доаѓа чувство дека ми се пее. Најсреќна сум кога пеам. Колку и да сум нерасположена, нашата работа е поврзана со расположението на гостите. Што и да ми било заборавам и пеам, вели Ирена.

Ирена не пее по дома, освен кога е во прашање пеење при изучување на некоја песна, но како што вели сепак тоа е најдобро да се направи директно на микрофон пред самиот настап, како една мала проба.

Please follow and like us:
Pin Share