Џеват и Петар ќе ја продлжат музичката соработка со албум од преработка на македонски инструменталки

Please follow and like us:
Pin Share

По врвните инструментални преработки на антологиските “Налеј, налеј” и “Со маки сум се родил” од страна на виолинистот Џеват Рамаданоски и младиот музичар од Австралија Петар Јованов, тие најавуваат

продолжување на ваквата музичка соработка и добивање  на еден краен музички производ наречен албум. Со оглед на тоа што е пребогата македонската музичка ризница со стари изворни песни, не ја исклучуваат можноста и за преработка на најпознатата охридска песна посветена за Билјана.

-Имам еден проект во тек, меѓутоа сеуште е рано да откријам некои детали. Ќе  биде за брзо. Активно работам на тоа. сега кога ќе се вратам треба активно да работам еден месец и по се изгледа дека некаде во јануари планирам пак да се вратам, па до тогаш ќе откриеме повеќе за проектот. Секогаш компонирам , отворен сум за соработка, како што оваа се роди со Џеват и се надевам дека ќе продолжи, вели Петар.

-Секако да се заокружи со еден албум, барем осум композиции да имаме, додава Џеват.

Притоа како што додава Џеват, целта на двете видеа било да се конкурира на некој филмски фестивал во светот. Едноставно тоа да биде за светски пазар а воедно да се докаже дека тоа доаѓа од Балканот, поточно од Македонија.

 

Please follow and like us:
Pin Share