Во најскоро време ќе биде промовиран новиот албум од Гоце Петрески-Бананата. Тој планира официјалната промоција да биде во Австралија, а потоа и во неколку други земји каде што ги има нашинците.

После песната “Само ти” која го промовираше пред извесно време заедно со спот, а веќе постана голем хит и е доста слушана кај јавноста, Гоце Петрески Бананата го најавува новиот албум. Како што ни открива тој, на албумот ќе има дванаесет песни, од кои и дует песна со Анета Мицевска.
-Планот е да се направи една промоција и некои помали концерти ширум Австралија, за да ги запознаам македонците таму со тоа што го работам, да видат каков нов материјал сум снимил па се надевам дека ќе им се допадне.-изјави Гоце, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Познатиот пејач вели дека албумот ќе има и своја промоција најпрво во Австралија, а потоа преку неколку помали концерти, песните од новото цд ќе бидат претставени и во другите земји кадешто ги има нашите македонци.
Инаку, Гоце веќе долги години живее и работи во Австралија, но секој слободен момент го користи да си дојде во родната земја Македонија и да сними нов материјал, но и да се види со неговите блиски роднини и пријатели. Според него, во Австралија е навистина убав животот, само што е премногу динамично и цело време се работи, па доста се зафатени додавајќи дека доколку сакаат да си поминат време со најблиските, сето тоа мора предвреме да се испланира.
