“Убаво е да се настапува насекаде каде што ги има македонците”-ова го истакна Александар од Оркестар Маестрал при гостувањето во емисијата “Промо”. Маестралци во моментов се наоѓаат во Америка каде што ќе ја остварат нивната турнеја, на која се предвидени бројни концерти.

Имаат бројни настапи во текот на целата година, како во нашата земја, така и надвор од неа. На прашањето каде е подобро да се настапува дали во Македонија или надвор, од Оркестар Маестрал велат дека убаво е да се настапува насекаде кадешто ги има нашите македонци.
-Поголемиот дел од годината ние сме тука, свириме најчесто фамилијарни веселби. Турнејата трае месец, месец и пол. Насекаде е добро и тука, но и надвор да се настапува. Тука македонско, таму македонско и неможеме да кажеме таму е подобро тука не или обратно. Насекаде е убаво да се настапува.-истакна Александар, еден од членовите на Маестрал.

Инаку, Маестралци веќе заминаа за Америка каде ќе ја остварат нивната турнеја, а планирано е да останат до 9-ти септември.
-Се работи за конвенција, односно собир на православните македонски цркви во Америка и Канада, оваа година ќе биде во Чикаго, во црквата Св. Кирил и Методиј. Сакам да го поздравам претседателот Горан Миленковски, како и Јован Тороманоски и Сашо Шамбески кои што се дел од целокупната организација.-додава тој.
Откако ќе се вратат од Америка, им следува кратка турнеја во Трелебург, Шведска, а за Новогодишните празници се веќе резервирани во Австралија, каде ќе остварат бројни концерти низ сите градови кадешто ги има нашите македонци.
