Претепан српскиот пејач Дарко Лазиќ

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачот Дарко Лазиќ, бил физички нападнат и претепан во населбата Умчари крај Белград, кога засега непознати лица од непозната причина го нападнале, потоа пукале од огнено оружје и на крај го претепале, јавуваат српските медиуми.

Според медиумите, Дарко Лазиќ сепак не бил ранет, иако било стрелано кон него, но, за среќа двата куршуми кои биле испукани во негов правец, го промашиле пејачот. Лазиќ со видливи телесни повреди е пренесен во болница, каде му е укажана медицинска помош.

Лазиќ во Умчари тргнал на приватна забава, каде требало да пее на една роденденска прослава. Но, тој и неговиот возач биле пресретнати од автомобил “Ауди А4 – караван” со темна боја,  во кој се наоѓале 4 или 5  наоружани лица.

Напаѓачите најпрвин  го испрскале со спреј – солзавец, а потоа и физички го нападнале. Го удирале по телото и главата, рацете и нозете, а неговиот возач добил удар со кундак од пиштол по главата. Полицијата го истражува инцидентот, како и причините и сторителите.

Please follow and like us:
Pin Share