Незаборавна забава се одржа во селото Волино за празникот Св.Недела. На прославата настапија познатите музички имиња Дамјан Стојаноски, Татјана Лазаревска, како и Менде Куновски заедно со група Алтернатор.

Голема прослава со познати музички имиња од македонската естрада се одржа во селото Волино, по повод празникот Св. Недела. Волинци и бројните гости кои што допатуваа од околните села, но и од повеќе градови низ Македонија, имаа можност да бидат дел од прекрасната атмосфера и одлична забава која што ја приредија Дамјан Стојаноски, Татјана Лазаревска, придружувани од Менде Куновски и група Алтернатор.

Најголем впечаток на прославата, остави младиот и талентиран пејач Дамјан, кој по барање на присутните гости, неколкупати го отпеа големиот хит “Тешко мина докторе”, песната без која што не поминува ниту една прослава периодов.
На следниот линк може да погледнете дел од атмосферата во Волино !
Gepostet von VIatko MeIbourne Gajda am Freitag, 20. Juli 2018
Сите содржини и објави на estradaplus.com се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено без договор со редакцијата.
