Богата културно уметничка програма е предвидена за 20-тите јубилејни “БРЧЕСКИ СРЕДБИ”, со кои воедно ќе бидат одбележани и 20 години од осветувањето на манастирот Св. Димитрија во Брчево.

Настанот ќе започне во 8 часот со света литургија во манастирот, а од 10 часот ќе стартува забавната програма на која најпрво ќе настапи Стенд-ап комичарот Богомир Балтоски-Боге. Веднаш потоа следува настап на културно уметничкото друштво “Мислешево” и етно составот “Меџидија”. Музичката програма и прославата ќе бидат збогатени со настапот на извонредните вокали Дамјан Стојаноски и Ангел Стојкоски.
Целата програма ќе биде надополнета со Брческа скара и пијалоци, а ќе биде обезбеден и организиран превоз до и од Брчево.
Настанот ќе се одржи на 5-ти Август (недела).
