
Спонтана, забавна и буквално ја поткрева атмосферата на секоја нејзина забава со оглед на тоа што се вложува целосно и немилосрдно да даде се од себе за да ја расположи публиката. Со еден збор фолкерката Татјана Лазареска при секоја нејзина појава е сосема природна, каква што е и по карактер и внесува ведрина на секој настан каде настапува. Ништо не е осмислено и нема импровизација, вели Татјана.
-Се е тоа така, како што го чувствувам од внатре, така излегува од мене и публиката на мое големо задоволство тоа го препознава. Јас сум ваква и позади камера. Тие луѓе што ме сретнале го виделе тоа и се увериле. Некогаш телевизијата прави од нас да изгледаме како малку понадмени, отмени но кога ќе не сретнат луѓето во живо а и приватно, зборувам за мене и Новица се воодушевени и викаат , “па вие сте исти како на телевизија”. Мислам дека тоа е формулата за успех на еден пејач, поготово овде во Македонија, вели Татјана.

Притоа, таа додава дека нема потреба од глумење на некои медиумски ѕвезди, туку сосема напротив треба да биде природна, спонтана за да биде прифатена во најпозитивно светло од публиката.
