
Неповторливите Силви и Влатко направија уште еден незаборавен мјузикл со легендарната “Коштана” пред охридската публика и гостите на Долни Сарај. Публиката уживаше во прекраснните звуци на легенарните песни кои имаат оставено длабока трага во музичкото творештво на овие простори. Проектот “Песни за Коштата” содржи вкупно 16 нумери а низ него се преплетуваат и реплики од главниот лик во претставата Митке, кој го играше актерот Илија Струмениковски.
На сцената на Долни Сарај во Охрид продефилираа околу 20 изведувачи со народни традиционални инструменти како виолина, кларинет, тарабука, ударни инструменти, а сите беа соодветно облечени во народни традиционални носии. Публиката уживаше во оригиналната изведба на песните “Отвори ми бело Ленче”, “Крај Вардара седеше”, “Жал за младост” и уште многу други познати песни.
“Песни за Коштана” е проект кој е својвтвен токму на Силви Бенд, за која таа е прогласена за балканска Коштана која на најоригинален начин ја предочува и носи на сцената реалната слика за животот на истоимената Коштана.

Ваквиот проект во следниов период ќе има 4-5 свои перформанси низ повеќе општини во државава , при што следно ќе биде претставен пред публиката во Велес. Сето тоа е подржано од страна на Министерството за култура на РМ, како проект од национален интерес за оваа година.
