
Се појавуваат како комплетни автори на сите свои досегашни песни а сите пет момчиња во бендот се многу добро музички талентирани. “Мулти бенд” од скопје навистина има со што да се пофалат во изминативе 6 години колку што постојат на македонската музичка сцена. Тие едногласно кажуваат дека имаат голем музички талент, како и тоа што се музички едуцирани, но некој влечат и музички корени наназад.
-Потекнувам од музичко семејство и нашиот колега , саксафонист и тој е од музичко семејство. Таруш и тој значи имаме талент, вели Влатко, тапанр на бендот.

Како што додаваат Роберт и Влатко од овој бенд, претежно во периодов работат на свадбите, каде што се барани а тие како бенд се застапени буквално низ цела Македонија. “Мулти бенд” минатата година во соработка со ИН продукција го снимаа и видео записот за песната “Ти си мојот рај”, летна песна која е хит и доста барана.
