Спортот многу важна страна во животот на Спасен Силјаноски

Please follow and like us:
Pin Share

Покрај пеењето и бројните настапи во периодов, младиот кичевчанец Спасен Силјаноски има посебно хоби кое целосно го исполнува а тоа е како што вели самиот спортот. Покрај пеењето спортот е моја втора, но многу важна страна во животот, вели Спасен.

-Спортот е моја втора но многу важна страна во животот. Обајвувам и слики на фејсбук имам неколку профили но имам и една фан страна на која што објавувам само работи од кариерата од пеењето, а имам и приватни фејсбук профили на кој што објавувам секојдневни работи. Како и сите други јас би сакал , да бидам еднакво со сите. Не се чувствувам нешто повеќе, ниту сакам да бидам. Сакам луѓето да имаат преглед и во мојот приватен живот, нормално до каде што се дозволува тоа. Постојано можете да видите фотографии и со дечињата и со сопругата од водење велосипед , теретана, планинарење и натака , додава Спасен.

Во летниов период Спасен е најповеќе ангажиран со бројни настапи особено во западниот дел на нашата земја, односно како што вели 90 отсто на охридско-струшката ривиера.

Please follow and like us:
Pin Share