Фејсбук го затвори профилот: Сеќавајте се на Влатко Илиевски

Please follow and like us:
Pin Share

Социјалната мрежа Фејсбук го затвори профилот на пејачот Влатко Илиевски кој синоќа беше пронајден мртов во неговиот автомобил на улицата Трета македонската бригада во Скопје.

Станува збор за нова опција на Фејсбук со која по смртта се затвора профилот на личноста, ги нема опциите за додавање, бришење или блокирање од листата пријатели. Меѓутоа, профилот останува достапен за посетување.

„Сеќавајте се на Влатко Илиевски. Се надеваме дека луѓето кои го сакаат Влатко ќе најдат утеха посетувајќи го неговиот профил за да се сетат на него и да го прослават неговиот живот“, напишаа од Фејсбук.

 
Please follow and like us:
Pin Share