Откако Македонија утрово со тага ја прими веста за смртта на рокерската икона Влатко Илиевски, македонската музичка естрада започна емотивно да се простува од пејачот.
Легендарната група Нокаут преку социјалните мрежи напиша дека денеска е тажен ден.
Пејачката пак Тамара Тодевска со емотивна фотографија се потсети на убавите тинејџерски денови, додека текстописецот Огнен Неделковски му порача вечна слава на својот драг пријател.
Нина Јанева исто така со фотографија му посака да лета високо на крилјата на рокенролот, додека Влатко Лозановски преку својот Инстаграм со фотографија од Илиевски му искажа последно збогум.
И многу други негови колеги,пријатели му посветија статус,пост,фотографија



