
Феноменална медиумска покриеност на сите досегашни концерти од големата Австралиска турнеја на легендата на македонската песна Наум Петрески, е ставот на неговата сопруга Зуица Лазова која е дел од оваа голема турнеја и е презадоволна од целосната покриеност на сите јавни настани од страна на екипата на ИН телевизија.
-Најмногу ви благодарам посебно ИН тв, Ване Петкоски, Винце Панов, вас сите кои што сте ангажирани за убавата покриеност медиумска која што ми се чини не му се случила досега на никој, вакава медиумска покриеност навистина не сум доживеала и ви благодарам на сите за тоа. секако и на Васко Ангелески кој направи да се чувствуваме како дома , на нашите пријатели овде во Сиднеј, кој што не удостоија со присуство вечерва, не угостија. Прошетавме убаво со брод, истакнува Зуица.
Зуица пред се има многу убави впечатоци како од самата далечна земја Австралија, така и од големата посетеност на сите нивни концерти.

-Убаво почнавме . Мелнурн беше навистина и убаво посетен имаше преку 540 луѓе. Тоа ни беше убав старт, да знаеме дека сме добредојдени овдека во Австралија со нашинците всушност. Видов дека колку и да доаѓаат наши пејачи, сеуште постои заинтересираност и љубов и сеуште се сака македонската песна и музика воопшто. Ова е веќе предпоследниот концерт а ние истеравме навистина преубави вечери. Луѓето си заминуваа презадоволни колку што успеав да видам а сепак се свиреше само македонска музика и тоа мислам дека ми ја наполни душата едноставно, истанува Зуица.
Од целосната труенја на Наум и пријателите останува уште големиот охридски бал кој е најавен за 30 јуни во пресрет на големиот празник Св.Наум Охридски. Оваа година балот ќе се случува по 35-ти пат а е во организација на Охридското социјално друштво Св.Наум Охридски од Мелбурн.
