Во време кога традицијата лесно се губи во современиот начин на живот, надеж будат младите кои со љубов и посветеност ја чуваат македонската песна и дух, дури и далеку од татковината. Токму такви се младите и талентирани Petar Damceski и Tijana Stepanovski од Melbourne, кои со своето творештво оставаат силен белег меѓу македонската дијаспора.

Овие две „златни грла“ неодамна го промовираа својот заеднички проект – емотивниот дует „Молитва за Македонија“, песна која носи силна порака за љубовта кон татковината, корените и идентитетот. Видео записот е снимен на локации во Australia и North Macedonia, симболично поврзувајќи ги двете татковини – онаа каде што живеат и онаа која ја носат во срцето.
За Tijana Stepanovski ова е прво музичко остварување, но со својот вокал и емоција таа јасно покажува дека пред неа стои светла музичка иднина. Од друга страна, Petar Damceski веќе има зад себе неколку авторски песни, со што се докажува како сериозен и посветен уметник кој чекори сигурно на музичката сцена.
Нивната заедничка мисија е јасна – да ја негуваат и пренесуваат македонската песна, традиција и култура меѓу младите генерации во дијаспората. Преку нивниот труд и ентузијазам, македонската песна продолжува да живее и да се развива и надвор од границите на татковината.
Петар и Тијана се вистински пример дека љубовта кон Македонија нема граници. Со „Молитва за Македонија“ тие не испраќаат само песна, туку и порака – дека корените не се забораваат, туку се негуваат и со гордост се пренесуваат на идните генерации.
