Jack Daniel & Stоri Bend – музичката машина што ја крева Македонија на нозе!

Please follow and like us:
Pin Share

Две години постојан раст, енергија и музичка магија – така најкратко може да се опише музичката приказна на Jack Daniel & Stоri Bend, состав што за многу кратко време стана еден од најбараните и највпечатливите бендови низ Македонија.

Овој бенд веќе одамна го има својот препознатлив стил: мешавина од силна емоција, неверојатен темпо и енергија која ја остава публиката во вистински транс. Нивните настапи се доживуваат, не само се слушаат – и токму затоа Jack Daniel & Stоri Bend важат за група што секогаш ја подига атмосферата на повисоко ниво.

Деновиве, тие беа дел од новогодишната програма на INTV Австралија, каде што уште еднаш ја докажаа својата моќ на сцената. Со својот препознатлив стил, тие ги изведоа хитовите од 90-тите години, спојувајќи носталгија со современа динамика, а дополнително ја збогатија програмата со неколку од нивните авторски песни.

Публиката и екипата на снимањето не можеа да останат рамнодушни – енергијата што ја донесоа Jack Daniel & Stri Bend буквално го подигна расположението и создаде вистинска празнична атмосфера. Нивната харизма и интеракција со публиката уште еднаш ги потврдија како бенд што оставува силен впечаток каде и да настапува.

Со својата работа, квалитет и препознатлива магија, Jack Daniel & Stri Bend продолжуваат да си го градат статусот на еден од најдобрите бендови во земјава – и, според се изгледа, нивната најдобра сезона допрва доаѓа.

Please follow and like us:
Pin Share