Новогодишно шоу за паметење: Молика во врвна форма, со естрадни ѕвезди и многу емоции!

Please follow and like us:
Pin Share

Молика уште еднаш покажа зошто е меѓу најценетите музички состави кај нас. Нивниот препознатлив звук, беспрекорна хармонија и спектакуларна изведба беа основата врз која профункционира целата празнична програма. Како домаќини и оркестар на вечерта, тие ги придружуваа сите изведувачи и го поставија темпото на шоуто – динамично, весело и исклучително музикално.

Празничното снимање беше збогатено со импресивна екипа гости. На сцената се појавија:
Марија Митровска, Стојне Николова, Адријана Кеш, Марко Трпчевски, Марјан Коцев, Игор Бежаноски, Елена Велевска, Татјана Стефановска, Василија Петрова, Зоран Спасов, како и извонредниот инструменталист Александар Ицов и Ташко Каранфиловски.

За добра атмосфера и многу смеа се погрижија и комичарите Жанко ЖШ и Драгослав, кои со својот препознатлив хумор ја подигнаа енергијата во студиото.

Снимањето помина во одлична атмосфера, преполна со македонска музика, емоција и позитивна енергија – токму она по што е познато „Имат Немат“. Но, токму Молика беа тие што го направија целото шоу целосно заокружено и незаборавно.

Ова новогодишно издание ветува вистински спектакл – емисија што ќе ја дочекаме со нетрпение и која уште долго ќе се прераскажува.

Please follow and like us:
Pin Share