Познатите народни забавувачи Гоце Петрески – Бананата и групата Чардак ја претставија својата нова дуетска песна со наслов „Ајде свате да пиеме“, која веќе ги освојува симпатиите на публиката. Станува збор за весела и разиграна композиција инспирирана од македонската свадбена традиција, а со самиот рефрен веднаш влегува во уво.
Автор на текстот и музиката е Злате Кулевски, нашинец кој долги години живее и работи во Австралија, но не ја заборава татковината и редовно создава музика со македонски шмек.

Видео спотот, пак, е снимен на неколку препознатливи локации во Охрид и визуелно ја раскажува истата приказна од текстот ,го снимаше ин продукција – свадбена веселба полна со емоции, дружење и македонски дух.
Со својот заразен ритам и препознатлив вокал на Гоце Петрески, во комбинација со традиционалниот звук на Чардак, „Ајде свате да пиеме“ несомнено ќе стане омилена на веселбите и ќе биде меѓу првите песни што ќе се пуштаат на свадби, крштевки и други слави низ Македонија и дијаспората.

