Градскиот плоштад во Охрид синоќа одекнуваше со македонска музика – илјадници уживаа во жив настап на Игор Димовски и неговиот бенд

Please follow and like us:
Pin Share

Синоќа на градскиот плоштад во Охрид се случи вистински музички спектакл. Под отворено небо и пред илјадници посетители, Игор Димовски со неговиот бенд успеа да ја разигра и расположи публиката од сите генерации – од најмладите, до постарите охриѓани и туристи кои во голем број беа присутни.

Настанот беше посветен на македонската музика – со изведби на познати изворни, староградски и евергрин песни, плоштадот пулсираше со ритамот на традицијата и љубовта кон македонскиот звук.

„Одамна не сме виделе ваква атмосфера во центарот на градот. Конечно нешто што не обединува и нè потсетува на тоа кои сме,“ изјави еден од присутните охриѓани, нагласувајќи дека вакви културни настани му се неопходни на Охрид – не само за забава, туку и за зачувување на македонскиот дух.

Позитивните реакции се надоврзаа и на неодамнешниот сличен настан – јубилејната прослава на култната емисија Имат, немат, која се одржа на охридското шеталиште и привлече илјадници љубители на изворната и староградската музика.

Синоќешниот концерт уште еднаш покажа дека кога се организира квалитетна програма, интересот е огромен, а Охрид знае и сака да слави со својата музика. Комцњртот одеше ливе а за тоа се погрижи 2с студио.

Please follow and like us:
Pin Share